Морнар пред своите навивачи славеше над Цедевита Олимпија во дерби мечот на АБА лигата, но она што го одбележа овој меч е инцидентот кој се случи во финишот на мечот.

Имено, при водство на тимот од Бар на 3,6 секунди до крајот кошаркарот на Цедевита Рајан Боутрајт ја заби топката во кошот, иако победникот беше решен. Тоа го испровоцира еден навивач на домаќините кој влета на теренот и го удри Американецот.  За среќа, брзо реагираа останатите играчи недосволија да има поголем инцидент.

Дефинитивно потегот на Боутрајт беше надвор од фер-плеј играта, но навивачите не се тие кои треба да ги дисциплинираат таквите кошаркари.