Кошаркарите на Денвер загубија од Феникс со 123: 98 во вториот натпревар од полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА-лигата.

Ден откако беше прогласен за МВП, Никола Јокиќ постигна 24 поени, 13 скока и шест асистенции за 30 минути игра, што не беше доволно за Нагетс да избегне нов пораз.

Покрај Јокиќ, 11 поени  имаа Мајкл Портер и Пол Милсап.

Феникс го предводеше Крис Пол до  2-0 со дабл-дабл учинок од 17 поени и 15 асистенции.

Девин Букер исто така помогна со двоцифрен учинок  постигнувајќи 18 поени со 10 скока.

Дандре Ајтон постигна дабл-дабл учинок со 15 поени и 10 фатени топки, а се истакна Микал Бриџис со 16 поени.

Третиот натпревар се игра во петок во Денвер.