Маркес Џонсон, член на кошаркарската Куќа на славните, легенда на Милвоки Бакс, кој го повлече неговиот дрес, може да забива и на свои 64 години.

Имал 12-годишна кариера во НБА, од 1977 до 1989 години, и во просек постигнувал по 20 поени по средба.

Џонсон на 8 февруари наполнил 64 години, а на социјалните мрежи сподели видео на кое забива во дресот на покојниот Коби Брајант.