Кошаркарите на Бостон ја запишаа 34 овосезонска победа откако изрежираа неверојатен пресврт против Сан Антонио и славеа со 143:140 по продолженија.

Бостон беше во минус од 32 поени, но предводен од Тејтум и неговите 60 поени осум скокови и пет асистенции стигна до посакуваната победа.

ЛА Лејкерс и покрај тоа што во тимот го имаше Леброн Џејмс загуби од Сакраменто со 110:106.

НБА резултати: ЛА Лејкерс – Сакраменто 106:110, Филаделфија – Атланта 126:104, Бостон – Сан Антонио 143:140 (п), Кливленд – Вашингтон 93-:122, Бруклин – Портланд 109:128, Мемфис – Орландо 92:75, Чикаго – Милвоки 98:108, Феникс – Јута 121:100.