Хјустон дури по продолжение успеа да слави над Далас со 153-149, ова беше натпревар кој донесе вистински спектакл.

Џејмс Харден постигна 23 поени уште во првата четвртина, натпреварот го заврши со 49 поени. Лука Дончиќ оствари трипл-дабл од 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции, но на крајот не се радуваше.

Завршницата донесе драма, Далас веќе го имаше решено мечот, водеше со 138-131 на 45 секунди до крајот на регуларниот дел, но „ракетите“ се вратија  со поените на Ковингтон со звукот на сирената, го одведоа мечот во продолженија и запишаа победа.

РЕЗУЛТАТИ:

Портланд – Мемфис 140-135 (прод.), Бруклин – Орландо 118-128,  Вашингтон – Феникс 112-125, Милвоки – Бостон 119-112 и  Сан Антонио – Сакраменто 129-120.