Кошаркарите на Денвер ја продолжија победничката низа во НБА лигата откако се вратија од негатива од 23 поени и на крајот славеа над Сан Антонио со 127:120.

Џамал Мареј со 26 поени беше најдобриот во победничкиот состав, Никола Јокиќ постигна 19 поени и 13 асистенции.

Кај поразените Ламаркус Олдриџ постигна 33 поени, пет скокови и шест асистенции.

Јута продолжи со победничкиот чекор откако славеше над Далас со 123:119. Маверкис без Лука Дончиќ во составот немаше сили да го избегнат третиот пораз на последните четири натпревари.

НБА резултати:

Денвер – Сан Антонио 127:120
Далас – Јута 119:123
Детроит-Шарлот 76:87
Индијана-Бруклин 105:106
Орландо-Атланта 135:126
Торонто-Минесота 137:126
Милвоки-Сакраменто 123:111
Голден стејт-Мајани 101:113
ЛА Лејкерс-Финикс 125:100