Историска ноќ во НБА лигата, за тоа се погрижија кошаркарите на Мемфис, тие со 73 поени разлика го победија тимот на   Оклахома Сити со 152-79,  ова е  најубедлива победа на сите времиња во кошаркарската историја на САД.

Мемфис со овој резултат го надминаа рекордот на Кливленд кој  во 1992 година го совлада Мајами со 68 поени разлика (148-80).

Сите 12 играчи на Мемфис настапија на средбата, аа најефикасен беше Џексон Џуниор со 27 поени.

 

 

РЕЗУЛТАТИ:

Портланд – Сан Антонио 83-114, Њујорк – Чикаго 115-119, Торонто – Милвоки 97-93 и Феникс – Детроит 114-103, .