Мајами поведе против Бостон со 1-0 во финалето на Источната конференција, славеше победа по продолжението со 117-114.

Словенецот Горан Драгиќ беше најефикасен на мечот кај победничката екипа со 29 поени, но клучната рекација ја имаше Бам Адебајо, тој со блокада го запре Татум да поентира и му донесе победа на Мајами.

Резултатот на семафорот гласеше 116-114 за Мајами, Тејтум беше во продор и позиција за забивање, но Адебајо едноставно го „залепи“ со блокада и спречи израмнување.