Кошаркарите на Реал Мадрид на гостински терен беа подобри од екипата на Тенерифе 76:71 во натпреварот од шпанската Ендеса лига.
Кралскиот клуб стигна до победа со серија од 6:0 во последните 60 секунди.
Серхио Љуљ ја предводеше гостинската екипа со 19 поени, а Џордан Мики постигна 11. Натпреварот го одбележа спектакуларното забивање на Мики од линијата од слободни фрлања.
Comments are closed for this post.