Лука Дончиќ стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до 30 трипл-дабл ефекти.

Словенецот во победата на Далас над Индијана од 124:112 постигна 13 поени и по 12 скокови и асистенции и стана најмладиот кошаркар со вакви „бројки“ во најсилната кошаркарска лига на светот.