Најплатениот кошаркар на Денвер Нагетс  Никола Јокиќ периодот го минува во родниот Сомбор каде што се одмара по напорната сезона, но и пред почетокот на подготовките на репрезентацијата на Србија за настап на СП 2019 во Кина.

Како ги поминува деновите покажува видеото кое се појави како Јокиќ игра на турбо-фолк музика.

Јокиќ, гол до појас, лудува на песна на Драгана Мирковиќ на воодушевување на останатите во кафеаната каде се забавуваше.