Нова маестрална партија на Никола Јокиќ, која донесе гостинска победа за Денвер Нагетс против Милвоки Бакс од 97-128.

Србинот уште еднаш забележа трипл-дабл ефекет, со 37 поени, а на нив додадени 11 асистенции и 10 скока. Кај поразениот тим најдобар беше Гркот Јанис Адетокумбо, кој имаше 27 поени.

Во оваа НБА вечер пораз забележа и Лос Анџелес Лејкерс, подобри од нив во Стејплс центарот беа Феникс Санс со 104-114. Најдобар кај Санс беше Дарио Шариќ, со 21 поен, додека кај Езерџиите најдобар беше Леброн Џејмс, со 28 поени.

Останати НБА мечеви од синоќа

Бостон- ЛА Клиперс 117-112

Вашингтон- Мемфис 111-125

Сан Антониот- Њујорк 119-93

Мајами- Атланта 80-94