Американскиот новинар Ник Рајт истакнал дека зборувањето за НБА кошаркарот Никола Јовиќ, штети за рејтингот на телевизиската мрежа Фокс каде тој работи.

Рајт, како што пренесуваат медиумите, претходните денови се обидуал да го оспори Јокиќ како легитимен МВП кандидат покрај Крис Пол, а во објавеното видео на социјалните мрежи објаснува зошто.

„Некој кажа дека ова го правам заради рејтинг. Да ви откријам мала тајна за телевизијата. Зборувањето за Никола Јокиќ и Денвер Нагетс не е добро за рејтингот, народе. Тоа не е начин на кој ја привлекувате широката публика.“– вели Ник.

Тој не бил единствениот кој го критикувал Јовиќ како кандидат, туку друштво му прават и Кендрик Перкинс и уште неколку спортски аналитичари. Рајт својот аргумент со заснова на тоа дека не се гледа само статистиката кога се бира МВП и тврди дека Јокиќ е најлошиот МВП во последните 30,40 години.

Новинарот тврди дека треба да се гледа и историската страна, кариерната страна на кошарката, а не само сезоната која играчот ќе ја одигра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Wright (@getnickwright)