Милвоки Бакс победи синоќа во шестиот натпревар од полуфиналето на источната конференција против  Бруклин Нетс со 104: 89 и ја израмни серијата на  3:3.

Победникот во серијата и финалистот на Источната конференција ќе бидат решени во седмиот натпревар што ќе се одигра во недела во Бруклин.

Крис Мидлтон и Јанис Антетокумбо го предводеа Милвоки до победата и заедно постигнаа 68 поени.

Мидлтон постигна 38 поени со десет скока и пет асистенции, а Јанис додаде 30 поени и 17 скока.

Кај Нетс, Дурент постигна 32 поени и забележа 11 скока, додека Џејмс Харден постигна 16 поени.

„Нетс“ ги добија сите три натпревари кои ги одиграа на домашниот терен во Баркли Центар каде ќе се одигра седмиот натпревар.