Кошаркарите на Оклахома ја запишаа петата последовна победа во НБА лигата откако пред своите навивачи го совладаа Сакраменто со 112:108.

Галинари со 24 поени беше најдобриот поединец во составот на Тандер, Барнс се издвои кај противникот со 21 поен.

Оклахома е на петото место на Западот со учинок 37:22 додека Сакраменто по првиот пораз на последните четири натпревари се на дванаесетото место на табелата со скор од 24:34.

Ла Лејкерс во локалното калифорниско дерби го совладаа Голден Стејт со 116:86. Ентони Дејвис беше најефикасен кај победникот со 23 поени, Кизма постигна 18 а Хауард 13 поени.

Индијана го совлада Портланд со 106:100 а Филаделфија беше подобра од Њу Јорк со 115:106.