Хјустон синоќа славеше со 102:93, а сенка на резултатот фрли инцидентот на Док Риверс со судиите.

„Судиите ја уништија работата. Ми рекоа дека имам два тајм-аути. Кога побарав еден, тогаш ми рекоа дека немам повеќе. Такви грешки не смеат да се повторуваат. Не навредив и плукав никого, само реков дека ова е лудост. Разочаран сум“.- изјави Док Риверс.

Инаку додека тренерот на ЛА Клиперс беше во конфликт со судиите, неговиот син Остин кој настапува за Хјустон бараше да му биде досудена техничка грешка.