Модерното време ги оддалечи децата од спортските игралишта, маалските кошеви остана подзаборавени… Но на ова демант пристигна од Србија.

Легендарниот југословенски репрезентативец, Жарко Паспаљ два месеци со повремена помош од еден сосед работел на уредување на дворот пред зградата во која живее со цел да постави кош иако знаел дека нема тоа многу да придонсе во промената на навиките кај најмладата популација. Кошот е донација од Кошаркарската федерација на Србија која ја препознала идејата на Паспаљ.

Откако го реализирал својот план и кошот бил поставен, поранешниот освојувач на златни медали од Европски и Светски првенства како и сребро од Олимписки игри во Сеул во 1988 година помош добива од неочекувани „гости“.

Доаѓа селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Ѓорѓевиќ кој заедно со сите репрезентативци кои наскоро ќе ги гледаме во Кина на Мундобаскетот решија да го пробаат кошот пред зградата на Паспаљ.

Емотивна средба и дружење со моќна порака за сите оние кои ги забораваат луѓето кои цела младост посветиле на спортот.