Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч на основниот дел од НБА лигата за сезоната 2020/21. Српскиот центар на Денвер Нагетс сезонава ја водеше својата екипа до 47 победи во 72 меча и ја однесе до третото место на Западната конференција, остварувајќи притоа просек од 26.4 поени, 10.8 скокови и 8.3 асистенции.

Стана првиот центар со оваа награда уште од Шекил О’Нил кој ова признание го доби во сезоната 1999/2000, наследувајќи го Јанис Адетокумпо, кој оваа награда ја добиваше минатите две години.

Денвер Нагетс го снимија моментот кога на Јокиќ му беше соопштено дека е најдобар во лигата. Во салата во зборовите на шефот на лигата Адан Силвер тргнаа аплаузи, а потоа и честитање. Тренерот на тимот Мајкл Мелоун истакна дека Јокиќ станал прв член на Нагетс со таа титула и прв кој до неа дошол како играч избран во вториот круг од драфтот на НБА.

Јокиќ им се заблагодари и на соиграчите, истакнувајќи дека ова е лично признание, но дека не би дошол до него доколку ја немаш помошта на целиот тим.