Полицијата од сојузната држава Алабама во САД, издаде налог за апсење на Демаркус Казинс, кошаркар на ЛА Лејкерси.

Казинс е обвинет дека и се заканувал на својата девојка дека ќе ја убие откако таа не дозволила нивниот син да присуствува на свадбата на звездата на ЛА Лејкерси кој неодамна стапи во брак.

Снимката од  телефонските закани на Казинс дојде и до медиумите и беше објавена од  „ТМЗ Спортс“ .

На Казинс му се заканува затворска казна од една година, обвинет е за вербално малтретирање од трет степен  и семејно насилство.