Далас го победи Мемфис со 121-96, Кристапс Порзингис и Лука Дончиќ најдобри поединци на мечот.

Порзингис натпреварот го заврши со 26 поени, Дончиќ во победата учествуваше со 21 поен.

Мајами загуби од Њу Орлеанс со 110-104, Робинсон кај поразената екипа постигна 8 тројки но недоволно за победа на Мајами, тој средбата ја заврши со 24 поени.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Милвоки 113-103, Вашингтон – Атланта 118-112, Бруклин – Сан Антонио 139-120, Њујорк – Оклахома 103-126, Бостон – Јута 94-99, Чикаго – Индијана 102-108, Минесота – Орландо 118-132, , Феникс – Портланд 127-117.