Центарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар накој забележа ефект дабл- дабл, што веќе стана и негова рутина.

Неговите потези почнаа да стануваат потези за најавните шпици и за нив се зборува, а еден таков имаше и на мечот против Хјустон Рокет, кој ги воодушеви сите фанови на кошарката.

Јокиќ беше чуван од двајца играчи, но тој лесно најде решение и и му асистираше на Дозер, додавајќи му зад грб, преку глава.

Воодушевени од овој потег секако беа во Денвер, па на Твитер поставија видео од оваа асистенција со напис:

„Благодарни сме што го гледаме овој човек како игра кошарка“- напишаа Денвер Нагетс на Твитер.