Според соопштението на „ESPN“ кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, ќе паузира две недели, поради истегнување на лигаментите на скочниот зглоб.

Дончиќ се повреди во втората минута на средбата на Далас со Мајами. При судир со Хендрик Нан, кога Дончиќ се обидувал да стигне до кошот, 20-годишниот Словенец ја свитка ногата и веднаш замина во соблекувална, потскокнувајќи на со другата нога.

Според тоа, Дончиќ ќе ги пропушти следните четири средби против екипите на Источната конференција: Милвоки, Бостон Селтик, Филаделфија и Торонто.