Најдобриот кошаркар на НБА шампионот Торонто Репторс Каваи Ленард одлучи својата кариера да ја продолжи во Лос Анџелес Клиперс.

По него управата на Клиперс успеа да се договори и со играчот на Оклахома Тандер Пол Џорџ.

Денеска се случи токму промоцијата на двајцата кошаркари ,со кои тимот на Клиперс станува еден од најсериозните кандидати за освојување на шампионската титула вп наредната сезона.

Ленард се реши да го носи дресот со број два додека Џорџ го задолжи дресот со број 13.