Кошаркарите на КК Работнички ја запишаа третата овосезонска победа во АБА 2 лигата откако во „балонот“ во Сараево славеа против Сутјеска со 84:62.

Воведната четвртина во која тимот од „Градски Парк“ постигна 26 а противникот 16 поени се покажа како пресудна по конечниот епилог.

Кон средината од третиот период, Работнички дојде до поредност од 25 поени 61:36, разлика која одново ја имаа во завршницата од натпреварот.

Бундовиќ постигна 18 поени а Милачиќ 17, Питс застана на 11 поени.

 

Во следното коло во АБА 2 во Сараево, Работнички ќе игра проитив Широги Брјег на 7 март од 12 часот.