Вашингтон загуби од Атланта со 125:124, но резултатот од овој меч е во втор план поради неверојатното остварување на Расел Вестбрук.

Вестбрук со 28 поени 13 скокови и 21 асистенција го надмина остварувањето на Оскар Робертсон, остварувајќи го 182 трипл-дабл во кариерата и со ова се запиша во историјата на НБА лигата како единствениот со вакво остварување.

Голден Стејт во неизвесен натпревар славеше против Јута со 119:116, Стеф Кари со 36 поени беше најдобриот кај победниците, кај поразените Кларксон постигна 41 поен.

НБА резултати: Мемфис – Њу Орлеанс 115-110, Сан Антонио – Милвоки 146-125, Голден Стејт – Јута 119-116, Портланд – Хјустон 140-129, Атланта – Вашингтон 125-124, Кливленд – Индијана 102-111.