Крилниот центар на Реал Мадри, Усман Гаруба стана најмладиот дебитант во историјата на „кралскиот клуб“, а во својот прв настап запиша дабл дабл учинок од 13 поени и 10 скока.

17-годишниот Гаруба така ја превзема таа титула од Лука Дончиќ, а тренерот Пабло Ласо му даде шанса на мечот против Мурсија кој Реал убедливо го доби.

Гаруба одлични натпревари прикажа на овогодинешниот Фајнал фор за младинци каде заедно со Марио Накиќ беше најдобар поединец.