Уште првото коло во Евролигата донесе мега пресметка меѓу Реал Мадрид и Фенербахче која и припадна на „кралевите“ со 81-77, иако во поголемиот дел домаќините имаа и двоцифрена предност.

Двете екипи и оваа сезона атакуваат на највисок пласман, а доказ за тоа се засилувањата кои ги доведе Фенер во имињата на Де Коло и Дерик Вилијамс.

Токму овие двајца играчи со 22 поени, односно 19 беа најефикасни кај турскиот гигант, додека во редовите на домаќините повратникот Џефри Тејлор запиша 19 коша и 8 асистенции.

Овие екипи беа дел од финалето пред две години на Ф4 во Белград, а до титула стигна Реал Мадрид кој беше предводен од Лука Дончиќ.