Словенецот Лука Дончиќ постави рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, утринава против Сакраменто запиша 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции и му донесе победа на својот тим со 114-110 по продолжението.

21-годишниот Дончиќ со овој трипл-дабл,  стана најмладиот играч во историјата на НБА кој комплетираше најмалку 30 поени искомбинирани со 20 скокови.

Резултати на натпревари одиграни синоќа:
Милвоки – Бруклин 116:119
Сакраменто – Далас 110:114
ЛА клиперс – Феникс 115:117
Индијана – Орландо 120:109