Кошаркарите на Атланта се израдуваа на триумф над Мајами од 129:124 во еден од шесте натпревари одиграни вчеравечер во НБА лигата по паузата поради популарниот „Ол-стар“.

Тре Јанг беше најдобриот пединец во победничкиот состав, тој мечот го заврши со 50 поени што за него представвуа личен рекорд во кариерата во НБА лигата.

Атрактивен и неизвесен натпревар одиграа Филаделфија и Брукли (112:104) кој беше одлучен во продолженијата. Ембид за победнкот постигна 39 поени, за поразените се издвои Калвис Леверт со 25 поени.

На останатите натпревари:
Чикаго – Шарлот 93-103
Сакраменто – Мемфис 129-125.
Детроит – Милвоки 106:126
Голден Стејт – Хјустон 105-135,