Кошаркарите на Сакраменто го совладаа Длас со 121:107 и со ја прекинаа низата од девет последовни порази во НБА лигата.

Деарон Фокс со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Барнс постигна 24 а Дејвис 23 поени.

Во составот на Далас, повторно се издвои Лука Дончиќ овојпат постигнувајќи 37 поени, од кои 22 постигна во последната четвртина.

НБА Резултати: Шарлот – Портланд 109:101, Орландо – Хјустон 110:114, Торонто – Оклахома 112:106, Далас – Сакраменто 107:121 и ЛА Клиперс – Минесота 124:105.