На десет кола до крајот од регуларниот дел од натпреварувачката година во кошаркарската Евролига, организаторот на ова натпреварување ги објави седумината кандидати за признанието МВП (за регуларниот дел од сезоната).

На листата се наоѓаат: Шејн Ларкин (Анадолуи Ефес),Ентони Рендолф (Реал Мадрид), Никола Дубљевиќ (Валеснија), Никола Миротиќ (Барселона), Ник Калатес (Панатинајкос), Мајк Џејмс (ЦСКА Москва) и Скоти Вилбекин (Макаби Тел Авив)

Минатата сезона наградата за најкорисен играч во регуларниот тек од сезоната во Евролигата го освои Јан Весели од Фенербахче.