ЛА  Лејкерс одигра маестрален меч против  Милвоки и запиша победа  со 113-106, сега тимот на Леброн Џејмс има  8-0 скор на гостувањата, уфрлија дури 19 тројки на овој меч.

Блескаше  Леброн Џејмс со 34 поени од кои шест од линијата за три поени, сезонава најмногу за „Кралот“.

Утринава се одиграа уште две средби, Голден Стејт загубија од Њујорк со 104-119, додека  Јута беше подобра од Њу Орлеанс со 129-118.