Словенецот Лука Дончиќ со 30 поени го предводеше Далас до победа против шампионот ЛА Лејкерс, крајниот резултат 115-110.

Дончиќ покрај 30-те поени, придодаде и девет скока и 8 асистенции, тој беше МВП на натпреварот по кој од студиото на „НБА-ТНТ“ во живо се вклучи легендарниот Шекил О’Нил.

Шекил се обиде на словенечки јазик да му каже „довидување“ на Дончиќ, но не успеа, реакцијата на Словенецот беше урнебесна.