Милвоки и Бруклин одиграа суперинтересен меч со резултат 117-114. Јанис Адетокумбо беше во фокусот, запиша 49 поени и донесе победа за својот тим, Кевин Дурант со 42 поени беше најдобриот поединец кај поразената екипа.

Бруклин добро тргна на мечот, првиот период го заврши со девет поени позитива. Сепак Милвоки се врати во игра па на полувреме отиде со 3 поени позитива.

Второто полувреме донесе изедначена игра со чести промени на семафорот, водеа и Милвоки и Бруклин, на крај се радуваа домашните кошаркари предводени од Јанис.

Лука Дончиќ одигра нов маестрален меч, со 30 поени го заврши дуелот против Сакраменто но неговиот Далас беше поразен со 99-111.

 

Резултати:

Бостон – Портланд 119-129, Шарлот – Мајами 111-121, Хјустон – Њујорк 99-122, Оклахома – Феникс 120-123, Сан Антонио – Филаделфија 111-113 ( по продолжение) и ЛА Лејкерс – Торонто 114-121.