Шпанија е нов Светски првак во кошарка откако во финалето ја победи Аргетина со 95-75. За „фуријата“ ова е втора титула а прва по 13 години пауза.

Шпанија одигра доминатно од почетокот до крајот во финалето и заслужено победи, резултатот по четвртини, 23-20, 20-17, 23-16 и 29-28 .

Најефикасни кај Шпанија беа Рики Рубио со 20 поени,  Серхио Љуљ учестввуаше во победата со 15 поени додека  Марк Гасол запиша 14 поени.

Последен пат Шпанија во финалето играше 2006 година и победи, на последните два Мундијала победуваше САД кои во Кина тотално потфрлија.