Не постави нов ОИ рекорд, но одигра неверојатно. Словенија ја совлада Аргентина со 118:100 во натпревар од групната фаза на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Токио.

Лука Дончиќ беше неверојатен во победничкиот тим, во воведната четвртина постигна 17 поени а мечот го заврши со 48 поени и 11 скокови.