Голден Стејт сезонава е најмалерозната екипа во НБА кога се во прашање повредите, бидејќи останаа без своите двајца ол-стар играчи Клеј Томпсон и Стеф Кари.

Сепак, овој вториот се враќа веќе во недела, откако се рехабилитираше од повредата на раката. Двократниот МВП на НБА лигата, имаше  две операции, а му беше оштетен и нерв.

Кари сезонава одигра само четири натпревари, пред да заработи скршеница на раката. Вориорс во моментот се наоѓаат на дното на Западната конференција и веќе одамна ги загубија шансите за разигрувањето за титулата, а со Кари ќе се обидат да ја избегнат фенерџиската позиција во НБА лигата.