18-годишниот српски кошаркар Ален Смагалиќ ќе потпише за НБА тимот на Голден Стејт Вориорс.

Србинот беше избран како 39. пик на драфтот од страна на Њу Орлеанс, но „воините“ го откупија неговиот договор и го донесоа во своите редови.

Во Голден Стејт Смајлагиќ ќе добие 900.000 долари и доколку успее да се наметне ќе добие нов, долготраен договор со Голден Стејт.

Смагалиќ во третатал ига во Србија играше за Беко, а во 2018 година премина во Развојната лига каде што прикажуваше одлични настапи за филијатата на Голден Стејт, Санта Круз Вориорси.