Бостон обезбеди место во плеј-офот во НБА лигата откако во натпреварот од плеј-ин серијата славеше на домашен паркет над Вашингтон со 118:100.

Тејтум со 50 поени, 8 скокови и 4 асистенции беше најдобриот поединец во редовите на „Селтикс“, Вокер натпреварот го заврши со 29 поени.

Индијана без неколкумина првотимци како што се Тарнер и Ворен, успеа да го победи Шарлот со 144:117 и со ова си обезбеди дуел со Вашингтон во битката за последното место во НБА плеј-офот.