НБА Ол-стар дуелот на тимовите на Леброн Џејмс и Кевин Дурант заврши со победа на екипата предводена од ѕвездата на ЛА Лејкерс со 170:150.

Јанис Антетокумбо со 35 поени со 100% прецизност беше прогласен за МВП.

Во натпреварот за забивања победи Анферни Симонс но самиот турнир е оценет како најлошиот во историјата на Ол-стар викендите во НБА лигата.

Стеф Кари победи во натпреварот во најмногу постигнати тројки.