Денвер ја запиша првата победа во  новата сезона во НБА лигата, триумфираше против финалистот од лани Феникс со 98-110.

Никола Јокиќ меѓу најдобрите на паркетот, мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 27 поени и 13 скока на кои додаде и две асистенции.

Бостон загуби од Њујорк по две продолженја 138-134, недоволни беа 46-те поени на Џејлин Браун да се спречи слаб старт на сезоната.

Резултати:

Јута – Оклахома  107-86, Шарлот – Индијана 123-122, Чикаго – Детроит  88-94 , Вашингтон – Торонто  98-83, Мемфис – Кливленд 132-121, Минесота – Хјустон 124-106, Филаделфија – Њу Орлеанс 117-97,  Сан Антонио – Орландо 123-97 и  Сакраменто – Портланд 121-124.