Денвер славеше против Портланд со 106:105 во еден од најинтересните натпревари одигран вчеравечер во НБА лигата.

Никола Јокиќ со 25 поени, 9 скокови и 5 асистении беше најдобриот поединец во победничкиот состав, за поразените се издвои Лилард со 22 поени.

Лука Дончиќ со 30 поени 10 скокови и 9 асистенции го предводеше Далас во победата над Детроит од 127:117.

Непријатна повреда доживеа Дени Авдија во победата на Вашинготн над Голден Стејт од 118:114.

НБА резултати: Кливленд – Чикаго 121-105, Индијана – Оклахома 122-116, Филаделфија – Феникс 113-116, Торонто – Бруклин 114-103, Вашингтон – Голден Стејт 118-114, Хјустон – Јута 89-112, Њујорк – Атланта 137-127 (п), Далас – Детроит 127-117, Сан Антонио – Мајами 87-107, ЛА Клиперс – Мемфис 117-105, Портланд – Денвер 105-106, Сакраменто – Минесота 128-125.