На денешната комеморација во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес посебно обраќање имаше сопругата на Коби, Ванеса Брајант, која со овации беше поздравена од присутните.

Господ знаел дека Коби и Џиана не можат еден без друг на ова планета и затоа ги зеде двајцата дома, на небото“, рече Ванеса.

Таа кажа дека Коби за нејзе беше и најдобар другар и заштитник, а го опиша и како добар сопруг и нежен татко. Раскажа како со Коби се надеваа дека ќе станат дедо и баба.