Лос Анџелес Лејкерс го претрпаа вториот пораз во серија во НБА. Од шампионите подобар беше тимот на Мајами Хитс со резултат 96:94, а на теренот поради повреда повторно го немаше Ентони Дејвис.

Него поентерски го замени Кајл Кузма со 23 поени и четири скока. Леброн Џејмс пак беше блиску до трипл дабл. Имеше 19 поени, но и по девет скокови и асистенции. Херел пак оствари дабл- дабл, со 18 поени и 10 скокови.

Сепак, оваа тројка не им помогна на езерџиите да избегнат пораз, гостите беа порасположени. Кендрик Нан постигна 27 поени, а него го следеше Џими Батлер со 24, надополнувајќи и 8 скокови, но и пет асистенции.

Лејкерс губеа во текот на целиот меч, единствено на почетокот на второто полувреме дојдоа до минимално водство, кое сепак кратко траеше.

Тие сега се трети на западот со скор од 22-9, додека Мајами се 10-ти на западот со скор од 13-  17.

Покрај овој натпревар во НБА беа одиграни уште четири натпревари:

Шарлот- Голден Стејт 102:100

Чикаго- Сакраменто 122:114

Мемфис- Феникс 97:128

Портланд- Вашингтон 111:118