Зајон Вилијамсон не ги разочара фановите на своето деби во НБА летната лига. Имено, на натпреварот против Њујорк Никс, Вилијамсон на паркетот помина само девет минути, но и тие му беа доволни да запише 11 поени, три скокови и една украдена топка.

Повеќето од поените ги запиша со „застрашувачки“ забивања, а потоа доби удар во коленото после кој не се врати на паркетот.

Според информациите, не се работи за некоја повреда, само Пеликанс сакаа да бидат претпазливи со својата најнова аквизиција.

Инаку, натпреварот помеѓу Њу Орлеанс и Њујорк не беше завршен синоќа, бидејќи во Калифорнија имаше земјотрес со јачина од 6.9 според Рихтер, уште посилен од оној од претходниот ден. Ова беше најсилен земјотрес во Калифорнија во последните 20 години.