Кошаркарите на Зенит успеаја да ја совладаат Барселона во четвртиот натпревар од плејофот во Евролигата, со резултат 76:61 и да се изборат за решавачкиот петти натпревар.

За разлика од претходните дуели, кои беа полни со неизвесност и драматичност, во овој, рускиот тим ја скрши Барселона по само три четвртини, кога оствари огромни 26 поени предност.

Зенит одигра скоро совршена игра во сите сегменти, од одбрана до напад, а колку беа добри, најдобро докажува фактот дека Барселона само еднаш намали на едноцифрена предност за време на мечот.

Барселона покажа знаци на живот во четвртата четвртина, но беше предоцна за пресврт.

Екипата на Шарунас Јасикевичиус успеа да се доближи на 63:51 со серија од 11:1, нешто помалку од пет минути пред крајот, сепак домашниот тим имаше готов одговор и го сведе натпреварот до крај без поголеми тешкотии.

Пенгос беше најефикасен со 22 поени, со 8 асистенции, Алекс Поетрес постигна 12, а Остин Холинс и Тарик Блек постигнаа по 11 поени.

Ник Калатес со 19 поени беше најефикасен кај гостите, Кори Хигинс додаде 13, а Кајл Јурик 8.