Викендов ќе биде означен стартот на новата сезона во Првата македонската женска кошаркарска лига, со учесто на 13 екипи, откако Патриот 2016 од Делчево го откажа учеството

натпреварите во Првата лига-жени ќе се играат во две одвоени лиги, Исток и Запад , по двокружен бод-систем, секој со секого, еднаш дома, еднаш на гости, во 14. кола.

Во групата „Исток“ ќе се натпреваруваат екипите на: Баскет КАМ, ЖКК Куманово, Крива Паланка, ЖКК МЗТ Скопје Уни Банка, ЖКК Вардар и Пробаскет.

Во групата „Запад“, ќе играат екипите на: Трокал, Пантери, ЖКК Шкупи, ЖКК Бадел 1862, ЖКК Работнички, Гостивар 2009 и Струга 2009.

Првата лига жени во сезоната 2021/2022 ќе брои осум екипи.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ – ПРВО КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

12.00: Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

17.00: Вардар – Пробаскет

Куманово – слободен

ЗАПАД

НЕДЕЛА:

12.00: Пантери – Шкупи

14.00: Гостивар – Струга 2009

ОДЛОЖЕНО

Бадел 1862 – Работнички (25.11)