Легендарниот Винс Картер синоќа на мечот меѓу Детроит и „неговата“ Атланта и официјално се запиша во историјата како играч со најмногу одиграни сезони во НБА историјата, вкупно 22.

Популарниот „Винсинити“ во победата на Атланта над Детроит одигра 10 минути во кои не успеа да се запише во листата на стрелци. Картер изби на врвот во оваа категорија пред Роберт Париш, Кевин Гарнет, Дирк Новицки и Кевин Вилис кои имаат по 21 сезона одиграно во најквалитетна кошаркарска лига на светот.

Картер во текот на својата богата кариера ги носеше дресовите на Торонто, Бруклин, Сакраменто и Далас со кои стигна до шампионскиот прстен во 2011 година.