Кошаркарскиот клуб Виртус Болоња, од наредната сезона ќе биде дел од кошаркарската Евролига, пишува спортскиот весник „Газета дело спорт“.

Тимот каде тренер е прославениот српски кошаркар Александар Ѓорѓевиќ веќе има резервирано една „вајлд-карта“ и ќе добие место во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување наредната година.

Покрај Виртус Болоња според информациите уште две екипи ќе добијат „вајлд-карти“ за Евролигата во сезоната 2020/2021.