Македонските кошаркарски судии, Александар Давидов, Боро Антовски и Владимир Крстевски заедно со Петар Денковски односно Александар Милојевиќ ќе бидат дел од АБА лигата.

Хотелот „Холидеј Ин“ во Белград во недела попладне, беше местото на одржување на традиционалната судиска клиника на АБА лигата. Собир на кој беа присутни и претставници на нашата федерација,

Во овој случај тројца од судиите кои се на официјалната листа на менаџментот на АБА а лигата, Александар Давидов, Боро Антовски и Владимир Крстевски, како и Петар Денковски односно Александар Милојевиќ, кои пак во сезоната која следува, ќе бидат во улога на супервизори (контролори) на натпреварите од регионалната лига.

Во улога на гостин-предавач на оваа клиника, беше шефот на стручниот штаб на екипата на Мега, Владимир Јовановиќ.

Овој собир беше и последниот пред официјалниот старт на новата натпреварувачка сезона во натпреварувањата организирани од страна на АБА лигата, чиј раководен тим, предводен од спортскиот директор Милија Војиновиќ, и судискиот дел: Драган Медан, Андреј Јершан и  Саша Маричиќ им посакаа успешна година.

Регуларниот дел од сезоната ќе почне на 24.септември, а дел од АБА 2 лигата во сезоната 2021/2022 ќе бидат и нашите двајца претставници, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.